Ужас на фарма во Хрватска - гладни кучиња изедоа коњ

Ужасна слика ја потресе хрватската јавност откако се појави видео на Јутјуб на кое се гледа како гладни кучиња јадат коњ на една фарма во Хрватска.

Сликата била ужасна, кутрото животно викало толку многу од болка што целото село се насобрало, но двете изгладнети кучиња продолжиле да го јадат. 

Последните 10 минути од настанот што се случил во дворот на последниот командант на одбраната на Вуковар, Бранко Борковиќ, познат како херојот Млад Јастреб пред два дена се појавија на интернет

- „Борковиќ воопшто не се грижи за своите животни, сите се кожа и коски. Во вечерните часови се враќа дома, заминува рано наутро, животните немаат што да јадат“, изјавиле за локалните медиуми вознемирените соседи.

Инаку, селаните се плашат нешто вакво да не им се случи и нив поради негрижата на сопственикот.

најчитано сега