Гужва: Еве колку се чека на „Богородица“ и „Евзони“

Има гужви, но нема многу чекање на граничниот премин Богородица, пишува Алфа повикувајќи се на извори од граничната полиција.

Според Алфа, на влез и излез на македонската страна се чека во просек по 15 минути, додека на грчката страна од границата се чека по 30тина минути. Гужвата на Евзони, пишува Алфа, се должи на тоа што во функција се ставени само три ленти.

ПОчетокот на туристичката сезона го зголеми и бројот на патници кои заминуваат во Грција. Во последниве две недели, пишува Алфа, на ден границата ја поминуваа и до 20.000 патници. 

 

28.06.2014 - 15:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа