Рецепт: Плескавици со компири и кашкавал

Подгответе вкусни плескавици со компири и кашкавал.

Кромидот се сецка на ситни коцкички и малку се пропржува, колку да омекне. Компирите убаво се пасираат и се додава ренданиот кашкавал, 1 јајце, кромидот и сето тоа добро се меша со рака. Потоа кон оваа смеса се додава околу 50 гр презла, ќе видите како ќе ви биде смесата, ако ви лепи слободно можете да додавате уште презла. Од добиената смеса се прават мали плескавици, се валкаат во јајца и презла и се пржат на врело масло додека да заруменат од двете страни.


28.06.2014 - 15:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега