Уапсен насилникот кој нападна француски војник во саботата

Француската полиција утрово го уапси лицето за кое се сомнева дека извршило напад врз војникот во квартот „Дефанс“ во саботата навечер.

Лицето е уапсено во Ла Вериер бо Ивлин (парискиот регион) во рамките на истрагата која беше отвроена по нападот во саботата, со кутер врз војникот кој во униформа учествуваше во антитерористичкииот план „Вижипират“.

- Лицето за кое се сомнева дека изврши напад во саботата вечерта на Дефанс беше уапсено изутринава во Вериер во Ивлин, стои во соопштението за јавноста на францсукиот министер за внатрешни работи Мануел Валс.

Војникот Седрик Кордие (25 години) беше повреден со кутер во пределот на вратот, додека патролираше во салата за транзит во квартот Дефанс, каде има станици на метрото, приградските регионални возови и голем број на продавници.