Не планирам да го напуштам Милан- се отвори Кака

Бразилскиот интернационалец Кака денеска изјави дека нема намера летово да го напушти Милан.

- Нема да си одам од Милан. Секоја година излегуваат нови приказни и веќе се навикнав на шпекулации за мојата иднина. Јас само можам да ви потврдам дека од јули одам на подготовки со Милан, потенцира Кака во изјава за италијанските медиуми.

Изјавата на Бразилецот е реакција на пишувањата за евентуален негов трансфер во Орландо Сити, клуб кој обезбеди учество во најсилната американска фудбалска лига МЛС.

Договорот на Кака со Милан завршува по крајот на сезоната 2014/15.

28.06.2014 - 15:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега