Прогноза: Oд понеделник пак дожд

Времето во Македонија утре претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб јужен ветер.

Температурата ќе се движи од 25 до 32 степени.

Во Скопје и околината слично време со температурата до 31 степен.

Од понеделник попладне до вторник во претпладневните часови ќе има зголемена облачност со умерен, повремено засилен ветер и со повремени врнежи од дожд. Во понеделник попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа следува период на сончево и топло време.

28.06.2014 - 15:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега