Претседателот исвиркан на јавен говор - мораше да го прекине

Српскиот претседател Томислав Николиќ мораше да го прекине говорот во Крушевац на споменикот на паднатите броци во Косовската битка на Газиместан откако група млади луѓе скандираа наврдливи пароли. 
„Томо Шиптару, го издадовте Косово“ скандираа присутните. 
Меѓу нив имаше и приврзаници на српскиот претседател кој со аплауз го одобруваа неговоиот говор. 
Николиќ се обидел да ги смири присутните говорејќи „сите сме ние Срби“

Откако протоколот забележал дека не може да се контролира ситуацијата, Претседателот Николиќ го прекинал говорот.

28.06.2014 - 14:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега