Уставни измени: Брак само меѓу маж и жена

Бракот да биде заедница исклучиво меѓу маж и жена. Премиерот Никола Груевски денеска презентирајќи ги предлозите на Владата за измени на Уставот рече дека во иднина, бракот треба да се дефинира со највисокиот државен акт, како заедница меѓу маж и жена.
Со ваков предлог владејчката ВМРО-ДПМНЕ излезе уште минатата година. Предлогот наиде на одобрување кај најголемиот дел од граѓаните иако имаше и групи, пред се здруженија кои се залагаат за заштита на правата на хомосексалците, кои беа против.

28.06.2014 - 14:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега