Вељаноски со честитка за Рамазан

Претседателот на македонското Собрание, Трајко Вељаноски упати честитка по повод почетокот на рамазанските пости.

- Со особено задоволство, од името на пратениците во Собранието на Република Македонија и од свое лично име, Вам, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, Ви упатувам искрени честитки по повод почетокот на рамазанските пости. Овие пости нека ви донесат мир во душата, благодет во семејствата, среќа во заедницата, нека ја зголемат милоста кон сите оние кои ги познавате. Одбележувањето на празниците се потсетник за сите дека треба да си помагаме едни на други во хуманост и дека треба да покажуваме заедничка почит кон слободното изразување на религиозните различности. Убеден сум дека во Република Македонија и понатаму ќе градиме постојан дијалог за доброто на сите граѓани во нашата држава и ќе ја продолжиме традицијата на меѓусебно разбирање и толеранција без разлика на етничката и верската припадност, стои во честитката од Вељаноски.

28.06.2014 - 13:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега