Како и секоја жена и мене ми треба внимание, љубов и нежност- Цеца си ја отвори душата

Една од најпознатите српски пејачки на Балканот, Светлана Цеца Ражнатовиќ вели дека е иста како и сите останати жени, и дека и треба внимание, љубов и нежност.
Тоа што сум јавна личност не ме прави поразлична од другите жени, и мене ми треба некој да ме сака. И јас како и сите останати жени сум нежна, чувствителна и гладна за љубов.
На прашањето дали можеби проблемот е во нејзините високи критериуми, Цеца одговорила:
Сакам јаки и способни мажи и чекам тие да превземат иницијатива, бидејќи тоа ги прави посилен пол. Од друга страна, ако некој ми се допадне, јасно му ставам до знаење. Би сакала да ми се случи љубов, но повеќе од мене тоа го сакаат моите блиски, моето семејство, кои посакуваат да најдам некој што ќе ме усреќи и ќе ми даде љубов.
Додворувачи има, но сеуште не се појавил вистинскиот. Со оглед на тоа дека не сакам да излегувам од дома, пријателите се шегуваат и велат дека вистинскиот ќе мора да најави домашна посета. Јас верувам дека вистинскиот ќе се појави кога најмалку ќе очекувам – вели Цеца.

28.06.2014 - 13:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега