Почнува „Скрипт фест 2013“

Денеска и утре во Домот на Културата „Кочо Рацин“ во Скопје ќе се одржи Меѓународниот фестивал на филмски сценарија „Скрипт фест 2013“.

Овој традиционален фестивал годинава се одржува втор пат, а ќе го отвори професорот Стефан Сидовски од Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Скопје - Париз - Њујорк.

Во рамки на фестивалот ќе бидат врачени и наградите на годинашните добитници „Скрипт феникс“ на Мими Ѓоргоска Илиевска, директор на НУ Кинотека на Македонија - Скопје за развој на филмската култура, „Скрипт презент“ на Гена Теодосиевска од МТВ - Скопје за долгогодишен придонес во филмската уметност; „Скрипт фест“ на авторот Горан Тренчовски директор на „Астер фест“ за неговиот ангажман и придонес на планот на филмот.

Омаж за филмскиот опус на сценаристот Љубе Цветановски ќе одржи Мишо Нетков, а за сценариото меѓу филмската индустрија, бизнисот и креативниот чин ќе говори Христо Петрески.

Ќе бидат прикажани два краткометражни и документарни филма за општините Карпош и Битола од режисерот и снимател Кузман Клековски од Скопје, а ќе биде организирана и промоција на филмски изданија од Нишкиот културен центар и издавачките куќи „Феникс“ и „Маска“ од Скопје. 

најчитано сега