Вистина е- мажите се поемотивни од жените

На повеќето видео снимки, на кои се прикажуваат различни емоции, мажите и жените реагираат на ист начин. Но, на поемотивни, потресни приказни, истражувањето покажало дека посилниот пол е двојно поемотивен од жената.
Новите истражувања откриле дека мажите имаат посилна физиолошка реакција на поемотивни, потресни снимки отколку жените. Кога биле запрашани да ги споредат своите чувства со другиот пол, жените изјавиле дека се поемотивни од мажите.
Тим на експерти од Институтот Мајндлаб спровел психолошко истражување за да може да ја разрешат дилемата, дали навистина мажите се толку цврсти, како што изгледаат.
Главниот психолог на оваа студија, др. Дејвид Луис, изјавил дека многу често се поедноставуваат работите и дека претеруваме во истакнувањето на разликите помеѓу мажите и жените, па затоа сме понаклонети да се фокусираме на доказите на постоечките родови стереотипи.
Оваа студија наведува дека мажите подеднакво реагираат и се чувствуваат како и жените, понекогаш и повеќе, но помалку ги покажуваат своите емоции поради социјалните стереотипни очекувања.
На поголемиот дел од снимките, на кои се прикажуваат различни емоции, мажите и жените реагираат на ист начин. Но, на поемотивни, потресни приказни, истражувањето покажало дека посилниот пол е двојно поемотивен од жената. Тие не сакаат да го признаат тоа, затоа сеуште жените мислат дека се поемотивни.

 

28.06.2014 - 13:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега