Официјално отворање на третиот реконструиран дел од „Илинденска“
Денеска официјално ќе биде пуштен за сообраќај третиот- реконстриуиран дел од булеварот „Илинден“.
На отворањето ќе присуствува скопскиот градоначалник Коце Трајановски.
Реконструкцијата на овој дел од „Илинденска“ стартуваше на крајот на јули 2012 година. Проектот предвидуваше булеварот да добие четири коловозни ленти широки по 3,5 метри, средишен зелен појас, тротоари широки 2,5 метри од двете страни на булеварот и енергетски ефикасно улично осветлување.
ФОТО: Пулс24.мк