Француската полиција уапси 200 илегалци од Албанија во обид од Франција да заминат за Велика Британија

Француската полиција, деновиве, уапси околу 200 Албанци без документи, во обид на илегален начин од Франција да заминат за Велика Британија. Заедно со нив уапсени се и 12 други лица под обвинение „недозволена трговија со луѓе“, јави дописникот на МИА од Тирана.

- Уапсените шверцери организирале транспорт со брод за цена од седум до 10.000 евра по човек. Едно албанско семејство со четири деца платило 15.000 евра за да биде префрлено од Франција во Велика Британија. Илегалците се Албанци од Албанија и од Косово, а меѓу нив и голем број деца, соопшти француската полиција.

Со организираната група раководел Косовец, кој е уаспен во Саинт-Мало. Според француското Државно обвинителство групата им помагала на имигранти без докумети да одат во Велика Британија, од кои земале голема сума пари. Групата во период од година и пол најмалку четриинаесетпати префрлила илегалци Албанци од Франција во Велика Британија, заработувајќи голема сума на пари. 

28.06.2014 - 12:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа