Битола: Преку ноќ се збогатил за пола милион денари

Во текот на изминатите четири дена, засега непознат крадец ја ограбил куќата на 52 годишниот З.Ј. лоцирана на улицата „Судска“ во Битола.

Според информациите на МВР, крадецот провалил во куќата, ја пребарал и си заминал со 5.000 евра и поголема количина на златен накит. Арамијата се збогатил за  околу 550.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

28.06.2014 - 11:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа