Пламени јазици го проголтаа отпадот во Кавадарци

Утрово избил пожар во отпад за старо железо во Кавадарци на улица „Западен булевар” бб. Пламените јазици се ставени под контрола по интервенцијата на три возила на територијалната противпожарна единица од градот.

-Бевме повикани на гаснење пожар во отпад за старо железо на заобиколниот пат Неготино-Кавадарци. Интервениравме со 5 пожарникари и две противпожарни возила кои полнеа вода неколку пати. Пожарот го ставивме под контрола, изјави командирот на единицата, Илчо Богевски.

Сопственикот на плацот за отпад информира дека горел депонски отпад кој претходно бил ваден од хаварисани возила и собиран на едно место за да се носи на депонија.

Засега не се познати причините за пожарот.

најчитано сега