Како да се зајакне системот за безбедност на крвта?

Денеска во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје ќе биде промовиран ИПА проектот за зајакнување на системот за безбедност на крв.

Ова е прв ИПА проект во здравството, чија цел е зајакнување на системот за безбедност на крвта. Проектот е финансиски поддржан од Европската унија за натамошното унапредување на овој важен сегмент од здравствената заштита.

На промоцијата на проектот ќе се обрати министерот за здравство Никола Тодоров, како и шефот на делегацијата на ЕУ Аиво Орав и Хендрик Ресник, клучен експерт на проектот за зајакнување на системот за безбедност на крв. 

најчитано сега