Растроен земјоделец искасапи 11 луѓе среде аеродром

Емотивно растроен фармер, кој вчера дивеел со кујнски нож на меѓународниот аеродром во Ла Паз избодел 11 лица, наведоа властите.

Лекарите наведоа дека повеќето се здобиле со повреди кои не се опасни по живот, иако осум од жртвите се хоспитализирани. Една жена е оперирана поради убод во стомакот, а на друга и бил пробиен црниот дроб. Меѓу повредените е и еден полициски поручник, кој го уапсил насилниот фармер.

Полицијата напаѓачот го идентификуваше како Хавиер Вирхили Куси, 41- годиишен припадник на домородниот народ Ајмари, од планинското место Санта Роса.

Заменик министерот за внатрешни работи Хорхе Порес рече дека напаѓачот изјавил во полиција дека “слушал гласови“ и дека почнал да ги напаѓа луѓето со нож за да се одбрани.

-Човекот дошол од едно село. Тој е ментално болен и му пришол на службеникот што продава карти и почнал да напаѓа – изјави еден од патниците кој чекал во редот да купи авионски билет.

Командантот на полицијата исто така изјави дека напаѓачот имал ментални проблеми.

-Даваше неповрзани изјави. Вели дека своите жртви ги помешал со кокошки – изјави тој.

Сите жртви се Боливијци, а повеќето се жени, наведоа властите.

27.06.2014 - 23:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа