Уште една трагедија во семејството на познатиот актер

Внукот на познатиот актер Лиам Нисон, 31-годишниот Ронан Секстон е во критичка состојба откако се здобил со тешки повреди на главата при пад во текот на забава со пријателите, објави „Дејли Телграф“.

Според британскиот весник, Секстон повредите ги здобил кога паднал од телефонска говорница на која се обидел да се качи во каде во алкохолизирана состојба во раните утрински часови.

Медиумите пишуваат дека ова е уште една трагедија во животот на Нисон, кој во 2009 година ја загуби сопругата, 45-годишнната актерка Наташа Ричардсон која почина при скијачката несреќа во Канада.

Ронан, кој е син на сестрата на Нисон, Бернадет Секстон, моментно се наоѓа во болницата во Харствуд Парк во Сасекс. 

27.06.2014 - 23:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега