Регионот повторно се тресе

Земјотрес со интензитет од 4,7 степени ја погоди Грција, пренесува АФП.

Епицентарот бил во близина на Атина,

Повредени нема, а по информации на властите, до сега нерма  сигнали за материјална штета.

Грција во моментов се обидува да се справи и со пожарите кои ја  зафатија територијата на целата земја. Вчера на пладне првиот огнен јазол го зафати реонот на Лариса. Друг пожар изби во  Фтиотида и брзо се шири во регионот. Огнот зафати борова шума,  а потешкотии при локализирањето создаваат силните ветрови и многу високите температури кои достигнуваат и до  42 степени. Пожари во Грција избија и во Пелопонез, Халкидики и северна Грција.

27.06.2014 - 23:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа