Санино ја напушта позицијата генерален директор за проширување во ЕУ
Стефано Санино, по две години успешно менаџирање со процесот на проширување на Европската унија, заминува од позицијата директор на Генералниот директорат за проширување при Европската комисија, јавува дописникот на МИА од Брисел.
- Можеме да потврдиме дека господин Санино ја напушта својата позиција генерален директор за проширување. Тој е назначен за постојан претставник на Италија во ЕУ. Во оваа прилика би сакале да му се заблагодариме на господинот Санино за многуте години одлична работа во Европската комисија и иако тој ја напушта Комисијата, г-дин Санино ќе продолжи да работи во и за Унијатаи ние му посакуваме понатамошен успех во неговата нова должност - ќе истакне Стано за МИА, во име на Генералниот директорат за проширување и комесарот Филе.
Интересно е дека министерот за надворешни рбаоти на Република Македонија, Никола Попоски, прв ја објави веста за заминувањето на Санино од позицијата прв оперативец за проширување на ЕУ, објавувајќи ја информацијата на својот профил на социјалната мрежа “Твитер“: - Санино заминува ГД во ЕК. Од јули ќе биде италијански амбасадор во ЕУ. Искрен и посветен поддржувач на проширувањето на ЕУу на Балканот - порача министерот Попоски на “Твитер“.
а периодот од две години, Санино и комесарот Филе организирано вложија огромни напори за Република Македонија, која пет години по ред добива позитивни препоракиод Комисијата за почеток на пристапните преговори со ЕУ, конечно да го направи овој голем исчекор во евроинтеграцијата.
Инаку, иако се уште не е именуван неговиот наследник, според досега воспоставениот систем на напредување во ГД за проширување, за очекување е Холанѓанецот Јост Корте, кој досега му беше заменик на Санино, да ја превзеде раководната палка во Директоратот каде досието Македонија е најжешко и најкомплексно поради блокадата на нашата земја во евроинтеграциите од страна на две земји-членки (Грција и Бугарија) на ЕУ.