Презентација на Стратегијата за развој на Платниот систем

Денеска, во организација на Народната банка на Република Македонија, ќе се одржи јавното претставување на Стратегијата за развој на Платниот систем на Република Македонија за периодот 2013-2017 година. 

Стратегијата која е визија за идниот развој на националниот платен систем на сите вклучени страни ќе ја престават гувернерот Димитар Богов, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и претседателот на Здружението на банкарството Ѓорѓи Јанчевски.

Челните луѓе на овие три институции кои се носители на развојот, ќе потпишат заедничка изјава за прифаќање на Стратегијата како поддршка за нејзиното спроведување.

Во рамки на настанот е предвидена и кратка презентација на стратегиската визија за развојот на платниот систем на Република Македонија во наредниот петгодишниот период, како и на конкретните мерки и активности за практично остварување на стратегиските насоки.

На јавното претставување на Стратегијата ќе учествуваат претставници од Народната банка, Министерството за финансии, комерцијалните банки, КИБС, КАСИС и КХВ, како институции што се активно вклучени во работата на Националниот совет за платните системи, но и претставници од Македонската берза, Централниот депозитар, Централниот регистар и претставници од Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија.

најчитано сега