НИЗ БРОЈКИ: Колкава е воената моќ на Русија и Украина?

Русија и Украина сѐ повеќе се ближат кон воен конфликт, барем според извештаите на западните медиуми. Западот стравува дека Москва сака да постави проруска Влада во Киев. Но при евентуален воен судир, колкува е всушност воената моќ на овие две држави?

Според податоците објавени во извештајот на „Global Firepower“ Русија е далеку помоќна од Украина, што е и очекувано. Иако таму во  извештајот не е опфатено за каква воена технологија станува збор и за која генерација, сепак доколку се погледнат бројките може да се види во сите аспекти руската армија е далеку поголема од Украинската.

Почнувајќи од одбранбениот буџет може да се види дека тој на Русија е поголем за речиси 13 пати. Русија годишно одвојува околу 154 милијарди долари, додека Украина скоро 12 милијарди.

Русија има 850.000 активни војници, околу 250.000 резервисти и уште толку во паравоените сили. Украина од друга страна има 200.000 активни војници, околу 250.000 резервисти и „само“ 50.000 паравоени сили.

Русија би имала тотална надмоќ во небото, со оглед на тоа што поседува 1.511 борбени авиони, додека Украина има едвај 98. И во другите категории на авиони кои би се користеле при евентуален судир Русија исто така има далеку поголем број на единици.

Слична е ситуацијата и кај хеликоптерите, со оглед на тоа што, според извештајот на „Global FirepowerРусија поседува 2.087, а Украина само 146.

Во делот на тенковите, Русија има 30.122, а Украина само 12.303.

 

24.01.2022 - 23:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега