Николовски: Завршена е драфт верзијата за Законот за потекло на имот

Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски вели дека предмалку била завршена драфт верзијата за Законот за потекло на имотот.

Тој во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител рече дека се решени сите работи.

-Сега ќе се разгледа Законот од страна на експертите на Советот на Европа. Меѓутоа, сите што се внатре, судии, обвинители, чинители, експерти од нашата земја ги имаат решено сите прашања и сега Законот по разгледување од страна на експертите на Советот на Европа ќе го отвориме за јавноста и верувам дека тоа ќе биде многу скоро, рече Николовски.

Вели дека ова е Закон кој ќе се однесува на сите граѓани.

-Односно, ги елиминираме слабостите, да не може за бивши фунцкионери да се истражува. Односно ги елиминираме слабостите на кривичната постапка кадешто имаме луѓе кои што велат: „Ќе си лежам во затвор, ќе излезам па имото ќе ми остане“. Е сега со ова овој Закон не му останува, туку конфискацијата на имотот ќе се врши во граѓанска брза постапка. Решено е Финансиската полиција да ги води истрагите, односно да се формира специјалијализирано одделение во рамки на Финансиската полиција. Тоа денеска е договорено, рече Николовски, додавајќи дека нема да се формира нова институција која ќе се бави со овие прашања.

 

23.09.2021 - 19:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега