Close Menu
    Најново

    Орбан со Трамп: Успеавме, можеме да купуваме руска нафта и гас

    08.11.2025 во 15:59

    Алиу: Здравствениот систем на 21-от век се гради со дигитална инфраструктура која овозможува податоците да се движат заедно со пациентот

    08.11.2025 во 15:52

    Несреќа на работа: Тешко повреден градежен работник од Штип

    08.11.2025 во 15:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Орбан со Трамп: Успеавме, можеме да купуваме руска нафта и гас
    • Алиу: Здравствениот систем на 21-от век се гради со дигитална инфраструктура која овозможува податоците да се движат заедно со пациентот
    • Несреќа на работа: Тешко повреден градежен работник од Штип
    • Фрлено шише со запалива течност во куќен двор во Кичево – огнот изгаснат од сопственикот
    • Трипуновски за апсењето на директорот: Нема загрозеност за ИПАРД средствата, случајот да се истражи докрај
    • Еден хороскопски знак влегува во „златна доба“, вратите за кои мислеле дека се заклучени се отвораат
    • Викенд хороскоп: Овие знаци ги очекува ненадеен прилив на пари, случајна средба ќе ги расипе плановите на Овните
    • Спречен терористички напад во Париз – уапсени три жени
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

    Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

    08.11.2025 во 13:09
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Коруптивните шеми и скандали на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во земјоделството ја доведуваат во прашање европската поддршка за реализација на ИПАРД-3 програмата, вредна 128 милиони евра, изјави на денешната прес-конференција, Љупчо Николовски од редовите на СДСМ. 

    Големиот скандал со директорот на Платежната агенција, Илија Стоилев, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, го докажува она на што постојано укажувавме, вистинската слика за ова владеење: држава заробена од партиски и лични интереси, корупција и неспособни кадри, рече Николовски.

    „Овој скандал, според информациите коишто ги имаме, веќе има најава и можно е Европската унија да ги стопира финансирањата во ИПАРД-3 програмата од Европската комисија.

    Во ризик се ставени 128 милиони евра од целата 7 годишна програма, пари кои требаше да бидат двигател на нашето земјоделство.

    Тоа значи дека нема повеќе нови повици, најавите за новите повици не можат да се отворат, нема нови договори коишто ќе бидат склучени, но исто така и нема исплати за проектите коишто тековно се финансираат“, посочи Николовски. 

    Николовски нагласи дека илјадници земјоделци и агробизнисмени кои ги имаат планирано своите инвестиции на основа на овие средства или веќе реализираат инвестиции, сега се соочуваат со неизвесност, ризик и страв да не ги изгубат овие вложувања.

    „Губењето на правото на располагање со европските средства, кои се главен извор за модернизација на македонското земјоделство, за набавка на механизација, за опрема во преработувачките капацитети и изградба на нови, за поддршка на бизнисите во руралните средини, ќе го закочи целиот развој и ќе ја намалат конкурентноста на домашниот и европскиот пазар.

    Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, поддршката од ЕУ е под знак прашање. Во 2017 година затекнавме иста состојба, државата беше на раб да го изгуби европското финансирање во земјоделството, со само 12% искористеност на средствата.

    Оттогаш па наваму, седум години макотрпно работевме и со Европската унија изградивме ефикасен и професионален систем дома за поддршка и ефикасна искористеност на ИПАРД програмата.

    Така, од 12% стигнавме до целосна искористеност на ИПАРД-2 програмата. Станавме лидери во регионот по искористеноста на ИПАРД и во секое село може да се види таблата на еден од 2.369 реализирани проекти.

    А што имаме денес? Системот што го создадовме е уништен за само една и пол година власт на ВМРО-ДПМНЕ.  Од први станавме последни, и со ризик, поради овој корупциски скандал, да бидат стопирани 128 милиони евра за земјоделците“, потенцираше Николовски.

    Николовски рече дека година и пол алармиравме дека ИПАРД-3 програмата е предмет на злоупотреби. Повеќе пати го дискутирав тоа и во Македонското собрание. Изнудувањето на пари, чувањето на предмети во фиоки и на биро, неажурноста, заминувањето на голем број професионалци и партиските унапредувања, на што реагираше Брисел, беа сè поизразени.

    „А завчерашната акција е само кулминација, која, за жал, не нè изненади, но последиците ќе бидат огромни.

    Почитувани, последиците од овој скандал се огромни и одговорност мора да има. Како земја кандидат за членство во Европската унија, која нема друга алтернатива, Македонија е должна да демонстрира транспарентност, одговорност и функционални институции.

    Секое нарушување на довербата од страна на европските партнери го компромитира кредибилитетот на државата и води кон нови мерки, како: построг надзор, губење на финансиска поддршка и забавување на процесот на евроинтеграција.

    Во суштина, ова не е само удар врз земјоделците, туку и врз иднината на земјата како транспарентна, модерна и европска држава.

    СДСМ очекува целосна морална, политичка и кривична одговорност од секој што е вмешан во овој корупциски и криминален скандал. Одговорност мора да има и за последиците коишто ќе следат. Не може земјоделците, луѓето коишто ја хранат оваа држава и се двигател на македонската економија, да бидат жртви на корупцијата и на неспособноста на оваа власт“, вели Николовски.

    Популарно

    Драма на бензинска во Кавадарци: Пијана девојка рушела се пред себе и се дерела на вработените

    08.11.2025 во 13:34

    ФОТО: Данела ја закачи својата слика до Шилегов пред заминување – избрала колор

    07.11.2025 во 11:17

    Ужас во Дебар: Киднапирале 30-годишна девојка, па ја однеле во напуштен објект и ја силувале

    08.11.2025 во 13:26

    Повторно се зголеми билансот на загинати во пожарот во Тузла

    07.11.2025 во 11:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.