Николовски: ВМРО-ДПМНЕ нема предвидено реформи во земјоделието

Во делот на програмата во земјоделието ВМРО-ДПМНЕ нема предвидено никакви реформи, тоа што гледаме е само продолжување на политиките на СДСМ, а земјоделците не знаат што да очекуваат за моделот на субвенционирање, зелена нафта и многу други мерки и политики кои успешно се реализираа во изминатите години, рече пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски од собраниската говорница.
-Кога зборуваме за програмата, нема ништо ново, нема нови реформи, продолжување на досегашните политики. Сите политики кои претходно СДСМ ги спроведуваше. Вклучување на Агро советот во креирање политики, нови мерки за активните земјоделци, можностите коишто ги дава ИПАРД, новите мерки за жените земјоделки кои прв пат 2019 година беа спроведени, за младите, дополнителни плаќања за стратешките култури и други работи кои веќе беа имплементирани. Нема ништо ново. Но од друга страна земјоделците не знаат што да очекуваат, треба да слушнат што ќе се случува со мерките кои беа успешно реализирани.  Дали ќе остане истиот модел на субвенционирање и авансната исплата на субвенции? Дали ќе имаат зелена нафта, дали ќе продолжи интервентниот фонд, дали ќе се враќа персоналниот данок, дали ќе продолжи исплатата на субвенциите за тутунарите и новите субвенции за регистрирани земјоделци? Дали ќе има гарантирана цена за Смедеревката и многу нови мерки од минатиот период кои се спроведуваа, рече Николовски.
Во врска со предлогот на заменици министри, Николовски нагласи дека  има едни исти кадри, стари кадри, едни со едно образование во сосема друг ресор, континуитетот на поставување ВД директори.
-Имаме четири нови министерства, четири нови министри, четири нови заменици министри, секретарки, државни секретари, иако велеа ќе се намалува бројот на министри, ќе се кратат овие трошења, сега се зголемуваат порача пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски.
23.07.2024 - 18:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега