Николовски од Пробиштип: 60 милиони инвестираме за ски центарот Царев врв, за развој и унапредување на туризмот во Осоговието

 
Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Пробиштип најави дека со усвојувањето на ребалансот на Буџетот се отвора патот за уште еден крупен и значаен проект, покрај сите други капитални економски проекти, на кои како Влада и локална самоуправа сме фокусирани.
 
Со ребалансот се предвидени 60 милиони евра за мастер планот за развој на туризмот на Осоговието, за ски центарот Царев врв, кој ќе биде значаен капитален и туристички проект за целиот регион, нагласи Николовски.
 
Тој истакна дека со мастер планот  ќе почне развој на туризмот во целиот регион, ќе започне постапка за јавно-приватно партнерство, за наоѓање на стратешки инвеститор за овој значаен ски центар, за кој градоначалниците од овој регион изготвија физибилити студија.

 

Владата силно застана, за да дадеме силен фокус да се продолжи по истиот пат, Истокот да се развива со многу нови проекти, кои уште повеќе и уште подобро ќе го вратат животот во целиот регион ќе пратат порака младите да ги задржиме тука,  да ги вратиме и заедно да ја развиваме татковината, порача генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Пробиштип.
21.07.2021 - 22:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега