Николовски од Пехчево: СДСМ се грижи за сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ се грижи да го врати Груевски за обнова на режим и криминал

ВМРО-ДПМНЕ во изборната кампања на сите ни го врати сеќавањето на она време кога граѓаните беа газени, уценувани, злоупотребувани. Време кое мислевме дека го оставивме зад нас“, кажа на денешната прес-конференција генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Разликата е јасна и огромна.

Во две и пол години колку што имавме чест да ја водиме владата, покажавме што значи вистинска грижа за сите граѓани, а ВМРО-ДПМНЕ и ден денес покажува грижа само за Груевски и неговите криминални соработници.

11 години ВМРО-ДПМНЕ без срам манипулираше со најранливите категории.

Ги уценуваше за социјалната помош која ја држеше на мизерен минимум, ја злоупотребуваше во партиски цели пред избори, а тие кои земаат социјална помош ги игнорираше.

СДСМ донесе социјална реформа со која социјалната помош ја зголеми за 300 отсто! И воведе детски и образовен додаток. Тоа е грижа!

Во новиот мандат обезбедуваме повисока социјална помош за 34.000 домаќинства и детски додаток за 65.000 деца!

Вие не треба да и служите на политиката, политиката треба да ви служи ВАМ.

Го решивме проблемот со стечајците кои ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираше и ги угнетуваше. 12.000 стечајни работници добиваат по 8.000 денари месечно, а следно ќе добијат и домашна платежна картичка од 9.000 денари.

И во време на коронавирусот продолживме со концептот - парите назад кај граѓаните.

28 милиони евра враќаме назад кај 324.000 граѓани преку домашната платежна картичка и ваучерот за домашен туризам.

Го зголемуваме и опфатот на домашната платежна картичка. Затоа што сакаме да вратиме пари кај граѓаните и да ја рестартираме економијата.

Покрај стечајците, картичка со 9.000 денари ќе добијат и пензионерите со пензија до 15.000 денари, самохраните родители, како и невработените кои не се активни баратели на работа.

Ова е држава која е праведна за сите, нема веќе високи казни, огромни трошоци за нотари и за извршители. Има праведно општество! Сонувавме за тоа во времето на истото ВМРО кое сака да се врати!

Трошоците за нотари извршители ги намаливме, а 11 ставки за трошоци за извршување, целосно ги укинавме!

Со отписот на камати на долгови за физички лица, избришавме 10 милиони евра долгови на граѓаните. Е тоа е вистинска грижа!

Казните ги намаливме и до 75 отсто, воведовме опомена пред казна. Сетете се како беше во 11-те години на ВМРО. Прво казна се добиваше, па после опомена.

Фејк-њуз ВМРО се грижи само за обнова на режимот и обнова на грабежот кон граѓаните.

Затоа, на 15 јули гласајте за концептот кој обезбедува повеќе пари во вашите буџети, а не за обнова на режимот кој ви ги крадеше парите.

Обнова на криминалот, обнова на режимот - нема да има!

На 15 јули граѓаните ќе гласаат за фер и праведно општество и правна држава.

Да сте живи и здрави и Ви благодарам“, кажа Николовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа