Николовска: Четвртиот пакет мерки обезбедува сериозна поддршка за спас на работни места

Со ребалансот на буџетот, кој веќе е во собраниска процедура, се обезбедуваат сериозни средства за реализација на четвртиот пакет нa антикризни мерки за поддршка на економијата и граѓаните погодени од коронакризата, истакна Фаница Николовска од СДСМ на денешната прес-конференција.

– Со четвриот пакет мерки, кој претставува континуитет на претходните три, 470 милиони евра ќе се искористат за помош и поддршка на економијата, за спас на работните места и за јакнење на приватната потрошувачка. Со 70 милиони евра ќе се поддржи исплатата на 250.000 плати за последните три месеци од оваа година и ќе се помогнат 83.000 работни места додека 27, 6 милиони евра ќе завршат кај 283.000 граѓани, преку платежни картички по 6.000 денари за купување на домашни производи и услуги, нагласи Николовска.

Со пакетот, како што рече, се обезбедуваат средства и за поддршка на производители, преработувачи и извозници на грозје, наливно вино и вино во шишиња, се обезбедува државна и царинска гаранција за компаниите.

Меѓу мерките од четвртиот пакет и „Викенд без ДДВ“, што се спроведува овој продолжен викенд, во насока на зголемување на приватната потрошувачка, а истовремено треба да обезбеди и повеќе пари за граѓаните и нивните семејни буџети.

– Се намалуваат или укинуваат парафискални давачки, се зголемува грејс периодот кај бескаматните кредити од линијата ковид 1 и дополнително се одложуваа отплатата на кредитите од компаниите, изјави Николовска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.10.2020 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега