Close Menu
Press24
    Најново

    Бугарин го терал да шири омраза против Македонците – скопјанец ќе одговара кривично поради статуси на ФБ

    04.03.2026 во 15:14

    Хегсет: Иран се обиде да го убие претседателот Трамп

    04.03.2026 во 15:03

    САД предупредуваат: Избегнувајте го Кипар поради ескалацијата на војната

    04.03.2026 во 14:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Бугарин го терал да шири омраза против Македонците – скопјанец ќе одговара кривично поради статуси на ФБ
    • Хегсет: Иран се обиде да го убие претседателот Трамп
    • САД предупредуваат: Избегнувајте го Кипар поради ескалацијата на војната
    • ВИДЕО: Иран истрела ракета кон Турција
    • Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет
    • Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти,  уште едно лицемерие на Владата
    • Двајца мажи ги претепале партнерките
    • Министерот Дурмиши од Тетово: Воведуваме фер ангажман – легална и заштитенасезонска работа во угостителството, земјоделството и домаќинствата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти,  уште едно лицемерие на Владата

    Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти,  уште едно лицемерие на Владата

    04.03.2026 во 14:143 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, остро го критикуваше изборот, на предложените нови заменици министри, Дритон Сулејмани за образование и Адмир Шабани за одбрана, посочувајќи дека се работи за политичка одлука на Владата која го фаворизира партискиот интерес наместо стручноста.

    Таа посочи на фактот дека образованието во Македонија го живее периодот на најголема неизвесност во последната деценија. Се прават реформи без јавни расправи, во партиски кругови, а отсуството на транспарентност оди дотаму што се кријат имињата на тимовите кои ги предлагаат реформските мерки.

    „Образованието е во целосен хаос.  Јасно е незадоволството на наставниците, учениците, универзитетските професори и студентите од брзите и неосмислени реформи. Во ваков момент, кога јавноста укажува, а министерката е една од најслабите алки во Владата, очекувавме дека заменик министерот ќе биде лице со докажана експертиза во образовните политики, со солидни искуства и со јасна визија, но неговото CV на две страници не го потврдува тоа. Напротив, тие две страници се сосема доволни да се потврди неговата некомпетентност за позицијата која му се доверува, истакна Николова.

    Николова посочи дека одбраната е стратешки ресор кој бара професионалност, доверба и лидерство, а предложениот заменик министер за одбрана има комуникациски вештини, што не е доволна квалификација за позиција која директно влијае на националната безбедност.

    „Одбраната е стратешки ресор кој бара професионалност, доверба и лидерство. Предложениот заменик министер за одбрана, како поранешен портпарол на изборната комисија, веројатно има комуникациски вештини, но тоа не е и не смее да биде главната квалификација за позицијата која директно влијае на нашата безбедност. Со тоа само уште еднаш се потврдува дека оваа Влада нема намера да направи нешто добро за државата или функционален систем , приоритет е да ги задоволи коалициските потреби и ништо повеќе од тоа. Живееме во време на најсериозна безбедносна нестабилност во Европа по Втората светска војна. Живееме во услови на војна на европскиот континент, зголемени геополитички тензии, хибридни влијанија и растечки глобални предизвици. Македонија е членка на НАТО, и тоа е добро, но можеме да заклучиме дека оваа Влада е едно од најлицемерните влади коишто сме имале досега. Денес и премиерот зборува за нашето членство во НАТО, но да не заборавиме,  во предизборието велеше дека Преспанскиот договор не е завршена работа. Навистина е големо лицемерие. Денес, во вакви безбедносни услови, знаеме дека тоа е еден од најдобрите договори коишто се склучени. Затоа одбраната не смее да биде дел од коалициски договори. Во ваков период на светски предизвици, потребни ни се најкомпетентни луѓе, а не најлојалните на партијата и коалицијата, појасни Николова.

    Таа предупреди дека предложените кадровски решенија ја потврдуваат партизацијата и некомпетентноста, при што приоритет се коалициските калкулации, а не стручноста: „Образованието и одбраната се исклучително важни за една држава. Одбраната ја штити сегашноста, а образованието ја гради иднината. За жал, оваа Влада ги заменува компетентните со политички лојални кадри“, заклучи пратеничката на СДСМ, Даниела Николова.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Нови детали: Познат идентитетот на возачот кој загина на обиколницата Скопје-Тетово

    04.03.2026 во 10:52

    ВИДЕО: Иран истрела ракета кон Турција

    04.03.2026 во 14:41

    (ВИДЕО) Голем хаос во Дубаи: Иранците го погодија американскиот козулат

    03.03.2026 во 21:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.