Николов: Низа на директори, ама никој не се грижи што нема лекови за граѓаните и плата за здравствените работници, затоа мора да си одат
-Сликата денес говори дека двајцата директори на Фондот за здравствено осигурување не можат да се видат во јавност. Едниот наводно шета надвор од државата, а токму тој самиот во својата биографија има наведено дека има напредни вештини од ИТ технологијата. Освен овие двајца, ни трага ни глас нема ни од уште деветте секторски директори, како и од седуммината членови на управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување.
Се почнува со приказни за некаква транспарентност. Ниту премиерот Димитар Ковачевски не е загрижен, а не се знае кој и што прави со морето на податоци од Фондот за здравствено осигурување, потенцираше Николов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа