Николоски-Жбогар: ВМРО-ДПМНЕ прави напори на составување на влада на принципиелни основи и европски вредности

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и секретарот за меѓународна политика на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски денес (27 јули 2020 година) остварија средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и процесите важни за државата.

-Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека партијата прави напори за составување на ново парламентарно мнозинство по одржаните избори, и таквиот процес се базира на принципиелна основа и програмските определби со кои ВМРО-ДПМНЕ настапи на последните избори. За ВМРО-ДПМНЕ е важно да се почитува правото и правната држава и да се направи коалиција темелна на определбите за интеграција на државата во Унијата но и коалиција која ќе ги почитува законите и владеењето на правото, информираат од партијата.

Исто така од ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека изборите поминаа во недемократска атмосфера, со сериозни прекршувања,  организиран поткуп и прекршувања на изборните правила што и беше нотирано од мониторинг мисија на ОБСЕ. Таквиот отворен поткуп и брутално газење на волјата на граѓаните надополнета со функционери на власта кои се фатени во поткуп, а за тоа не одговараат поради спрегата со обвинителство, укажува дека државата не ги исполнува основните критериуми за демократско владеење и во потполност доаѓа до израз хибридниот режим потенциран од повеќе релевантни меѓународни институции.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека Република Македонија мора да напредува на патот кон Европската Унија а за да се постигне тоа потребна е нова влада со легитимитет од граѓаните со агенда за суштински реформи кои ќе го подобрат живеењето на граѓаните и санкционирање на криминалот и корупцијата, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.07.2020 - 17:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега