Николоски: Заев наместо да се извини и повлече, тој навлегува подлабоко и ги руши позициите на Македонија

Срамот на Зоран Заев да не дозволиме да стане колективен срам. Два дена по скандалозното интервју, наместо Зоран Заев да се извини, и да повлeче од изјавите претставуваат удар темелите на македонската држава и самобитноста на македонскиот народ тој уште подлабоко навлегува во небулози, навреди кон својот народ, историски мисинтерпретации и драматично ги руши позициите на сопствената држава и народ, изјави на денешната прес конференција, Александар Николоски потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

– Заев е изолиран во намерата да го избрише македонскиот национален идентитет, да се откаже од историјата, а со тоа да нанесе штети на државата кои ќе имаат далекусежни последици кои што значат македонската држава да нема право да се темели на илинденското и антифашистичко наследство, тоа е она што го прави Зоран Заев овие денови. Ако Заев ги прогласи окупаторите за ослободители, тогаш македонските антифашисти кои се вистинските ослободители, Заев ги става на другата страна, а добро знаеме дека антифашистичката борба се темелеше на илинденската борба, добро знаеме дека антифашистичката борба е продолжување на сонот на илинденците и со ова што Зоран Заев ја укинува и македонската државност, како и традицијата на народноослобителните борби од илинденскиот период и антифашистичкиот период, спротивно и на Уставот на Република Македонија, вели тој.

– Зошто го прави Зоран Заев ова? За фотелја, за власт и бизнис интереси,за своите фирми во Македонија, но и за своите фирми во Бугарија. Ова го прави за голо останување на власт и уште малку финансиска корист и интерес за него и неговите блиски, тоа тажната вистина, посочува Николоски.

Тој вели дека несогледливи се последиците од неговите ставови во понатамошните разговори и дека ова што го прави е целосно рушење на позициите на Република Македонија на трајна основа.

– Ова што го прави значи целосно рушење на било каква преговарачка позиција на Република Македонија во иднина. И затоа ден поскоро, час поскоро да си поднесе оставка и да си замине. Зоран Заев треба да си даде оставка и да замине. ВМРО-ДПМНЕ по завршуивањето на 100-те од доаѓањето на Владата ќе покрене прашање за доверба на Владата во Собранието на Република Македонија. И очекуваме Владат да не ја добие довербата, односно најмалку 61 пратеник да изгласаат недоверба на Владата на Зоран Заев. Време е граѓаните на Република Македонија да се обединат против овој национален срам и национално понижување. Само со оставка на Зоран Заев и изгласување недоверба на Владата која тој ја води ќе има шанса да се подобрат македонските преговарачки позиции а исто така и да се врати македонското национално достоинство, дециден е Николоски.

– ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани во одбрана на националните интереси. Денеска ќе бидеме низ Македонија. Во 18:00 часот под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ ги повикуваме сите граѓани да се соберат во Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци, Прилеп, Охрид и Битола. Заедно, сплотени, обединети без разлика на партиска или политичка припадност да ја одбраниме Република Македонија, да ја одбраниме самобитноста на македонскиот народ, на македонскиот јазик, на македонската историја и македонското наследство. Ве повикувам сите да излезете и да не подржите!, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега