Николоски за ТВ 24: За оваа година предвидени се над 800 милиони евра капитални инвестиции

 

Филип Николоски заменик министер за финансии во емисијата 24 Отворено рече дека минатата недела ја издале деветата еврообврзница во вредности од 600 милиони евра и ќе биде насочена кон враќање на старите долгови.

- Еврообврзницата која беше издадена во 2016 во висина од 500 милиони евра заедно со каматите. Беше ова уште еден успешен процес на нова емисија на еврообврзница и каматната стапка по која се издаде беше најповолна во овој момент од 6.25%, а поголем успех беше што за оваа еврообврзница имаше побарувачка три пати поголема од висината на тоа што се издаде. Тоа е потврда дека странските инвеститори веруваат во политиката на оваа влада. Во буџетот за оваа година најголем акцент се става на капиталните инвестиции. Предвидени се над 800 милиони евра капитални инвестиции. - рече Николоски.

14.02.2023 - 23:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега