Силната подршка за Македонија за евроинтегративниот процес и заложби за интнезивирање на политичките и економски релации меѓу Македонија и Хрватска, беа потврдени на средбата во Загреб помеѓу заменик претседателот на Владата, Александар Николоски и Маријана Петир, пратеник во хрватскиот Сабор. При работната посета во Саборот, вицепремиерот Николоски оствари средба и со Андро Крстуловиќ- Опара, претседател на Одборот за надворешна политика.
Добрите односи меѓу двете земји претставуваат пример за регионална соработка, заснована на пријателство, заемна подршка и визија за европска перспектива. Ваквата улога во регионот има значајно влијание врз унапредување на стабилноста во регионот, економскиот развој и интеграцијата, се заклучи на двете одделни средби.
Вицепремиерот Николоски го потенцира и проблемот за транспортерите од Македонија и регионот и побара силна подршка од Хрватска во надминување на состојбата со нивните работни активности во ракми на Шенген зоната.
Истакна дека овој проблем има регионално значење и брзо надминување на истиот ќе допринесе до стабилност на регионалната економија и побрз проток на стоки и услуги кон европските пазари.
Вицепремиерот Николоски на средбите исто така ги потенцираше и реформите што ги презема Владата во делот на евроинтегративните процеси и истанка дека искуствата преземени од Хрватска особено придонесуваат за зајакнување на институционалните капацитети на земјата.
Во делот на политичката соработка, билатералните односи се каректеризираат со отворен дијалог и меѓусебна подршка. Како две партенерски земји членки на НАТО ја делат одговорноста во обезбедување на стабилност во регионот и справување со современите безбедносни предизвици.
Во рамки на работната посета на Загреб, вицепремиерот Николоски се сретна и со генералниот секретар на ХДЗ, Крунослав Катичиќ на која беа потврдени добрите односи меѓу двете земји и на која се разговарше за перспективите за Македонија и регионот.

