Close Menu
Press24
    Најново

    Уште две недели казна од 45 евра за овој прекршок – Важи и кога има сонце

    03.03.2026 во 08:11

    Наредена обдукција, се вршат разговори – ОЈО со детали по трагедијата во Карпош

    03.03.2026 во 08:06

    Подгответе се за гужви – Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје

    03.03.2026 во 08:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Уште две недели казна од 45 евра за овој прекршок – Важи и кога има сонце
    • Наредена обдукција, се вршат разговори – ОЈО со детали по трагедијата во Карпош
    • Подгответе се за гужви – Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
    • Сиљановска го пречекува Руте со највисоки државни почести – Средби со државниот врв
    • 65-годишен прилепчанец дилал дрога во затвор, кривично ќе се гони
    • Среде Центар: Шкода заврши на жардиниера
    • Израел нареди итна евакуација на делови од Техеран: На нишан е државната телевизија
    • Иран го затвори Ормутскиот теснец и се закани дека ќе го запали секој брод што ќе проба да мине оттаму
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски во Брисел: Средба со „Пријатели на Европа“, најавени разговори за Коридорите 8 и 10 и финансирање од ЕИБ

    Николоски во Брисел: Средба со „Пријатели на Европа“, најавени разговори за Коридорите 8 и 10 и финансирање од ЕИБ

    04.12.2025 во 09:563 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски ја започна својата работна агенда во Брисел каде оствари средба со “Пријатели на Европа” на која се зборуваше за актуелните политички и економски случувања во Европа и регионот на Западен Балкан.

    Тој најави бројни политички и економски средби со високи претставници на Европска Унија како и меѓународни финансиски институции на кои ќе разговара за инфраструктурните проекти во Македонија. 

    Во продолжение интегралната изјава на вицепремиерoт Николоски:

    “Честта е голема, “Пријатели на Европа” е најголемата тинк тенк организација која што директно ја подржува Европската Унија. Јас имав чест во 2022 година да бидам избран за највијателна личност 40 под 40 во Европа токму од “Пријатели на Европа” и тоа е големо признание, нешто што останува цел живот и од тогаш ја имаме комуникацијата со Пријатели на Европа. Навистина многу престижни настани, настани каде неформално ќе може да зборувате. Ќе ги сретнам најважните европски дипломати, тука е потпретседателот на Европската Инвестициска банка, ќе зборуваме за големи инфраструктруни проекти. ЕИБ го финансира и најголем дел од третата делница од Коридор 8 од железничкото поврзување со Бугарија. Доаѓаат премиери на различни држави, министри, бизнис заедницата и навистина за Македонија ова значи многу и треба да сме присутни тука бидејќи ги даваме нашите аргументи и она што го правиме. Јас покрај политичкиот дел, многу ќе зборувам и за економскиот и инфраструктурниот дел, тоа е фокусот на мојата посета и она што ќе го бранам. Веќе во петок ќе имаме многу значајна средба со Комесарот за транспорт Апостолис Цицикостас со кој што ќе зборуваме за развој на двата кордидори 10 и 8, ќе презентираме она што досега го имаме направено како и за нови проекти.  Исто така очекувам средби со министрите од Грција, Бугарија, ќе зборуваме за спојувањето на двата коридори и ќе има и нови проекти за кои ќе ги зборуваме и да видиме дали ќе можеме да најдеме заедничко финансирање во делот на Планот за раст за Македонија, но исто така и во делот на големите банки кои што можат да застанат позади ова, дали е тоа ЕИБ, ќе се видам со потпретседателот на банката или ЕБРД, заеднички да можеме да ги изработиме овие проекти. Нашата визија е Македонија да стане центар за транспорт на Балканот, иако не излегуваме на море, имаме една уникатна локација која што двата Коридори 8 и 10, исток-запад и север – југ се сечат источно од Скопје и тоа е главната придобивка која мораме да ја дадеме за генерациите што доаѓаат после нас” изјави вицепремиерот Николоски.   

    Популарно

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Почна евакуација на Србите од Тел Авив: Вучиќ им прати авион во Египет

    02.03.2026 во 22:41

    Ужас во Делчево: 15-годишник обљубил малолетничка

    01.03.2026 во 13:33

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.