Николоски: Власта на СДСМ и ДУИ ја стави Македонија во крајно подредена позиција и ѝ нанесоа историска штета на државата

Денес Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во „Аргумент плус“ на Телевизија 24 истакна дека еден од најголемите проблеми е тоа што оваа власт Македонија ја стави во уникатна позиција во која што ниедна држава не била, а тоа е да  води паралелни преговори. Односно од една страна да води преговори за прилагодување на законодавството со законодавството на ЕУ, тоа се кластерите и паралелно да преговара за историјата со Бугарија.

„Последниот протокол кој што е потпишан помеѓу Бујар Османи и министерот за надворешни работи на Бугарија, јасно пишува на претпоследната страна дека историската комисија мора да заврши со својата работа и сите учебници да бидат променети пред Македонија да ги заврши преговорите за членство со ЕУ“, рече Николоски.

Николоски додаде дека тоа значи да Македонија може да има одличен перформанс во делот на владеење на правото, или во делот на екологијата, во делот на земјоделие, или во делот на економијата, но доколку не се прифати бугарскиот диктат за македонската историја никогаш Македонија нема да стане земја членка на ЕУ. 

„Тоа е најголемата штета, трајна штета, историска штета која што оваа Влада и ја нанесе на Македонија и ја стави во крајно подредена позиција. Такви уцени ние не сме спремни да прифаќаме“, укажа Николоски.

24.03.2023 - 18:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега