Close Menu
Press24
    Најново

    Хаос на границите од утре: Транспортерите од регионот повторно ќе блокираат гранични премини

    22.03.2026 во 16:06

    Разбојништво во Скопје: Вооружено лице за еден час нападна продавница, обложувалница и казино

    22.03.2026 во 15:56

    Хаос на патиштата – Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување, дури осуммина немале ниту возачка дозвола

    22.03.2026 во 15:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хаос на границите од утре: Транспортерите од регионот повторно ќе блокираат гранични премини
    • Разбојништво во Скопје: Вооружено лице за еден час нападна продавница, обложувалница и казино
    • Хаос на патиштата – Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување, дури осуммина немале ниту возачка дозвола
    • Ја фрлил сопругата по скали – Семејното насилство во Македонија не стивнува
    • Крај на приватноста на Инстаграм: „Мета“ ја укинува заштитата, вашите пораки повеќе нема да бидат тајна
    • Крвава ноќ во Скопје: Тепачки со кундаци, нападнати малолетници и полицајци
    • Апсења во Скопје: Приведени седум лица
    • Црн ден во Македонија: Пронајдени починати три лица, две од Скопје, едно од Куманово
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски со поддршка за протестот на превозниците: Ова е едно навремено предупредување

    Николоски со поддршка за протестот на превозниците: Ова е едно навремено предупредување

    26.01.2026 во 14:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денес беше присутен на ГП Блаце, по најавата на транспортните превозници за блокада.

    Николоски искажа поддршка за протестот на превозниците.

    -Причината зошто сум денеска тука на овој граничен премин е за да искажам поддршка во мое име и во име на Владата. Овој протест е предупредувачки протест. Превозниците сакаат да покажат што ќе се случува од 10-ти април натака. Ова е едно предупредување, сметам дека е навремено со цел да се искористат месеците февруари и март и земјите-членки на Шенген зоната да изнајдат решенија, рече тој.

    Вицепремиерот посочи дека во принцип постојат три возможни решенија за решавање на овој проблем.

    -Првото решение е да се одложи примената на новиот електронски систем за превозниците, второто решение е да се зголеми бројот на денови кои што можат да ги поминуваат во Шенген зоната превозниците, најмалце на 250 денови, соодветно поделено во циклуси, од сегашните 180. Третото решение е да не се третираат како туристипрофесионалните возачи  и превозници, туку да се третираат онака како што треба, како професионалци и врз основа на тоа или да бидат исклучени од овие правила или соодветно со работни визи како што во моментов прави само Швајцарија тоа да се уреди и на тој начин да можат слободно да транзитираат, рече Николоски.

    Тој оцени дека се спротивно од ова ќе има големи последици и за македонската, регионалната, но и за европската економија.

    -Да не заборавиме дека најголем дел од странските инвестиции, не само во Македонија туку и во цел регион, се од земји-членки на Шенген зоната и ЕУ. Тие најчесто овде произведуваат полу-производи кои после тоа ги извезуваат во сопствените земји за да произведат финален производ. Да не зборувам за земјоделските производи, за транзитот, за она што го произведува Грција и исто така оди на север. Да не зборувам за главниот трговски коридор на цела југо-источна Европа, а тоа е Коридорот 10 кој значи економски крвоток на целиот овој регион, рече Николоски.

    Популарно

    Хаос на границите од утре: Транспортерите од регионот повторно ќе блокираат гранични премини

    22.03.2026 во 16:06

    Разбојништво во Скопје: Вооружено лице за еден час нападна продавница, обложувалница и казино

    22.03.2026 во 15:56

    Хаос на патиштата – Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување, дури осуммина немале ниту возачка дозвола

    22.03.2026 во 15:47

    Ја фрлил сопругата по скали – Семејното насилство во Македонија не стивнува

    22.03.2026 во 15:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.