Министерот за транспорт Александар Николоски преку социјалните мрежи реагираше на изјавите на одредени синдикални претставници во врска со реализацијата на автопатот Охрид – Кичево, отфрлајќи ги нивните тврдења како манипулации.
Николоски истакна дека се шират невистини за цената на проектот и роковите за негово завршување, нагласувајќи дека автопатот ќе биде готов навреме.
„Самопрогласени „синдикални лидери“ шират невистини, лаги и манипулации за изградбата на автопатот Охрид – Кичево.
Ќе чинел милијарда евра, никогаш немало да се заврши и слични небулози.
Без ни еден факт! Нула!!!
Ама да се каже нешто…
Нека не го замајуваат народот.
За нивна жал, а за среќа на народот, автопатот ќе се заврши во предвидениот рок!
Точно е дека Владата на СДСМ и ДУИ, по која очигледно жалат, камче не стави 7 години, ама точно е дека оваа Влада на Hristijan Mickoski работи деноноќно.
Потврда за тоа е што во моментов си заминувам од Министерство за транспорт, во недела во 21 часот. Последен состанок беше за автопатот Охрид – Кичево.
Ќе го завршиме на време и сите ќе му се радуваме“, стои во објавата на Николоски.


