Close Menu
Press24
    Најново

    Млада Србинка пријави хорор во изнајмен стан во Скопје

    16.03.2026 во 23:40

    Калас децидна: Европа не учествува во војната во Иран

    16.03.2026 во 23:15

    По цели 25 години, десницата во обединување да го освои Париз

    16.03.2026 во 22:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Млада Србинка пријави хорор во изнајмен стан во Скопје
    • Калас децидна: Европа не учествува во војната во Иран
    • По цели 25 години, десницата во обединување да го освои Париз
    • Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак
    • Белата куќа потврди: Трамп и Си ќе се сретнат, но терминот „виси“ поради светската криза
    • Политички потрес во Бања Лука: Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, поднесе оставка
    • Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
    • Енергетски крах во Куба: Целиот остров остана без струја, прогласена вонредна состојба
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Првпат по шест децении се обновува инфраструктурата, ова ќе остане запишано во историјата на Македонија

    Николоски: Првпат по шест децении се обновува инфраструктурата, ова ќе остане запишано во историјата на Македонија

    07.11.2025 во 12:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска изврши увид во два значајни проекти за железничкиот сообраќај – новата делница за товарен превоз Драчево-Илинден и првата фаза од градскиот воз.

    Николоски појасни дека со новата делница, товарните возови повеќе нема да мораат да минуваат низ центарот на градот преку новата железничка станица.

    „На увид сме на два значани проекти. Првиот кој што се однесува на товарниот превоз, нешто што е срцето на железничкиот сообраќај во Македонија… Со овој потег кој што почнува да се работи од Драчево ќе се оди дирекно Илинден, односно товарните возови нема веќе да има потреба или да ја одбегнуваат одбегнуваат оваа делница или да ја користат со мала брзина или најлошата варијанта да влегуваат и поминуваат низ центарот на градот односно преку новата железничка станица. На тој начин очекувам дека карго сообраќајот ќе се зголеми значително и многу“, појасни Николоски.

    Вториот проект, како што рече министерот, е идејата за градски воз која полека станува реалност.

    „Имаме три траси: првата оди од Зелениково преку Драчево и Јане Сандански, помеѓу Кисела Вода и Аеродром, и веќе се работи. Наредната година ќе почне и реализацијата на останатите две“, нагласи Николоски.

    Тој потсети дека железничката инфраструктура што ја затекле е стара повеќе од половина век.

    „Дрвените прагови што се заменуваат денес биле поставени меѓу 1963 и 1969 година и од тогаш не се сменети. Замислете во каква состојба ја наследивме државата, кога по толку години првпат се работи во 2024–2025 година“, истакна Николоски.

    Популарно

    Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите

    16.03.2026 во 21:50

    Политички потрес во Бања Лука: Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, поднесе оставка

    16.03.2026 во 22:00

    Млада Србинка пријави хорор во изнајмен стан во Скопје

    16.03.2026 во 23:40

    Енергетски крах во Куба: Целиот остров остана без струја, прогласена вонредна состојба

    16.03.2026 во 21:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.