Инвестициите во инфраструктурата, транспортот и јакнење на економијата во државата беа главни тема на разговорите на високо ниво што ги водев со претставниците на Светска банка во Вашингтон, пишува на социјалните мрежи министерот за транспорт Александар Николоски.
Ги отворивме можностите за зголемување на партнерството меѓу Македонија и Светска банка во поддршка на клучни развојни проекти во земјата.
Согласни сме дека заемната соработка на Македонија и носат догорочен раст и зголемена конкуретнтност.
Ги презентирав плановите за реализацијата на клучните стратешки коридори 8 и 10. Зборувавме и за можностите за модернизација на целата железница во државата.
Најавуваме нови проекти за општините со кои ќе го подигнеме локалниот економски развој и квалитетот на живот на нашите граѓани, пишува Николоски на ФБ.

