Close Menu
    Најново

    Николоски најави конфискација: Државата го презема дивоизградениот објект на Стенковец

    08.02.2026 во 12:55

    Силен земјотрес од 4,8 степени го погоди Крит

    08.02.2026 во 12:42

    Нови детали: Кајмакоски е киднапиран веднаш по настап – пријател се јавил во полиција

    08.02.2026 во 12:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Николоски најави конфискација: Државата го презема дивоизградениот објект на Стенковец
    • Силен земјотрес од 4,8 степени го погоди Крит
    • Нови детали: Кајмакоски е киднапиран веднаш по настап – пријател се јавил во полиција
    • (ВИДЕО) Излезе снимка од киднапирањето на Кајмакоски – полицијата го пронајде врзан во смачкан автомобил
    • Апсење во Дубаи: Екстрадиран напаѓачот на рускиот генерал Алексеев
    • Се огласи Заев: Доста е со лагите, немам врска со запленетиот канабис
    • Детали за грабнувањето на Кајмакоски: Вооружени напаѓачи барале 20.000 евра за неговата слобода
    • Драма на летот од Скопје кон Париз: Авион на „Wizz Air“ прогласи вонредна состојба и итно слета во Брисел
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Николоски најави конфискација: Државата го презема дивоизградениот објект на Стенковец

    Николоски најави конфискација: Државата го презема дивоизградениот објект на Стенковец

    08.02.2026 во 12:55
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    На својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави дека министерството во координација со повеќе надлежни институции ќе започне постапка за конфискација на нелегално изграден објект на аеродорм Стенковец. 

    “Министерството за транспорт како институција која е надлежна за објекти од прва категорија како што се аеродроми, болници кои третираат терциерна здравствена заштита, градби за високо образование, спортски сали, стадиони и други државни инфраструктурни објекти во изминатиот период сериозно пристапи кон решавање на проблемот со нелегалните објекти кои спаѓаат во оваа категорија.

    Во координација на повеќе институции – Министерството за транспорт, Агенцијата за цивилно воздухопловство, Државниот градежен инспекторат, како и Аероклубот на спортскиот Аеродромот Стенковец Скопје – ќе се започне постапка за КОНФИСКАЦИЈА на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец.

    Имајќи предвид дека објектот е целосно нелегално изграден на државно земјиште, надлежните органи одлучија да се обратат до Обвинителството и Судот и да побараат целиот објект да се конфискува во корист на државата со цел истиот да може го користи Агенцијата за цивилно воздухопловство за тренинг на пилоти и други потреби.

    Ова е јасна порака дека нема да се толерира изградба на нелегални објекти на места каде Министерството за транспорт и Државниот градежен инспекторат имаат надлежност” – објави вицепрмиерот Николоски.

    Популарно

    Драма на летот од Скопје кон Париз: Авион на „Wizz Air“ прогласи вонредна состојба и итно слета во Брисел

    08.02.2026 во 10:46

    Детали за грабнувањето на Кајмакоски: Вооружени напаѓачи барале 20.000 евра за неговата слобода

    08.02.2026 во 11:05

    (ВИДЕО) Излезе снимка од киднапирањето на Кајмакоски – полицијата го пронајде врзан во смачкан автомобил

    08.02.2026 во 12:06

    Зеленски моли за помош: Русите ни ја изгасија струјата

    08.02.2026 во 00:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.