Close Menu
Press24
    Најново

    Николоски: Министерството за транспорт рекордер во капитални инвестиции

    02.04.2026 во 09:08

    Снежна покривка од 72 сантиметри, најмногу дожд во Маврово – Се врати зимата во Македонија

    02.04.2026 во 09:05

    СДСМ: Граѓаните едвај преживуваат – Поскапува лебот, што чека Мицкоски да преземе мерки?

    02.04.2026 во 08:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски: Министерството за транспорт рекордер во капитални инвестиции
    • Снежна покривка од 72 сантиметри, најмногу дожд во Маврово – Се врати зимата во Македонија
    • СДСМ: Граѓаните едвај преживуваат – Поскапува лебот, што чека Мицкоски да преземе мерки?
    • Мицкоски: Само дома си е дома – Ќе се вратат младите што заминале од Македонија
    • Трамп одржа говор – Цената на нафтата скокна
    • Апсење на повеќе локации низ Скопје
    • Македонската полиција му дала знак „стоп” – Се испаничил, забрзал и фрлил пушка од прозорецот
    • Саздов раскажа за последните моменти од животот на Ивана и Катја – Стојанче ја тепал, следел и малтретирал сопругата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Министерството за транспорт рекордер во капитални инвестиции

    Николоски: Министерството за транспорт рекордер во капитални инвестиции

    02.04.2026 во 09:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сериозно сме посветени на инвестициите, Буџетот во моментов е во одлична кондиција, а Министерството за транспорт е рекордер во работење годинава со 65 отсто реализација на капиталните инвестиции досега, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето на „Топ тема“ на ТВ Телма.

    -Буџетот е во одлична кондиција и доколку се соочиме со ситуација на продолжена воена криза, со добро планирање ќе дадеме сериозни одговори. Има сет мерки што ги чуваме како резерва доколку ова ескалира. Јас се надевам дека ќе заврши, дека ќе можеме да се вратиме во нормала, рече Николоски.

    Вицепремиерот истакна дека е горд на реализацијата на капиталните расходи на неговиот ресор, чиј процент само по првиот квартал годинава изнесува над 65 отсто.

    -Во однос на капитални расходи, многу сум горд на тоа што Министерството за транспорт е апсолутен рекордер во работење, заклучно со 31. март, односно во првиот квартал оваа година, реализацијата на капитални расходи е 65 проценти, а на ниво на Влада е 32 отсто. Не можете да најдете ниедна година откако државата е самостојна со вакви бројки, што значи дека сериозно сме посветени на капиталните расходи и инвестиции, потенцираше Николоски.

    Во гостувањето беше нагласено дека паралелно се работи на сите автопатски делници низ државата, со посебен фокус на проектите што ги реализира конзорциумот „Бехтел и Енка“. Интензивно напредуваат и железничките проекти со сериозни подготовки за изградба на брзата пруга, додека автопатот Охрид–Кичево се очекува да ја добие својата завршница до крајот на годината.

    Top News
    Популарно

    Николоски: Министерството за транспорт рекордер во капитални инвестиции

    02.04.2026 во 09:08

    Снежна покривка од 72 сантиметри, најмногу дожд во Маврово – Се врати зимата во Македонија

    02.04.2026 во 09:05

    СДСМ: Граѓаните едвај преживуваат – Поскапува лебот, што чека Мицкоски да преземе мерки?

    02.04.2026 во 08:49

    Мицкоски: Само дома си е дома – Ќе се вратат младите што заминале од Македонија

    02.04.2026 во 08:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.