Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Атина оствари работна средба со вицепремиерот на Владата на Грција, Костис Казидакис. Ова, како што информира Кабинетот на Николоски, е прва средба на двајцата вицепремиери со која се истакна важноста и промоцијата на економската соработка и регионалните инфраструктурни проекти.
-На средбата беа потврдени заложбите на двете земји за подобра регионална соработка во делот на инфраструктурата, транспортот и услугите. Беа презентирани стратешките приоритети на Владата во инфраструктурата и се потенцира важноста од поефикасно регионално поврзување како предуслов за забрзан економски развој на регионот. Се истакна силната одлучност на двете влади за изградба на брзата пруга на Коридорот 10, регионален проект кој ќе овозможи развој на трговијата, зголемување на размената меѓу двете држави и брза врска на пристаништата во Грција со пазарите во Централна Европа. На средбата се презентираа усовите за инвестирање во земјата, како и можноста за поголема економска и трговска соработка меѓу бизнис заедницата на двете земји, наведува Министерството за транспорт.
Николоски и Казидакис заклучија дека соработката и реализацијата на проектите од регионално значење ќе продолжи во следниот период во насока на зголемување на ефикасноста на транспорот и меѓуграничната соработка.
- Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува
- Драматично потонување кај Ормутскиот теснец: Сингапурски брод погоден од проектил, екипажот е спасен
- Савески: Борбата против трговијата со луѓе бара заеднички и брз меѓународен одговор
- Хасабис предупредува: Хакерските напади со вештачка интелигенција се најава за посериозни закани
- „Безбеден град“ регистрираше 296 прекршоци за два дена во Охридско-струшкиот регион
- Затвореник од Македонија дел од опасна криминална група во Србија: Уапсени седум лица за две убиства и киднапирање
- ДЗС: Раст на туризмот за 3 отсто во првите осум месеци од 2026 година, најмногу гости од Турција
- Мицкоски ќе присуствува на потпишувањето на договорот за нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“



