Николоски избран за известител за БиХ од Мониторинг комисијата на ПССЕ

На состанокот на Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која вчера се одржа во Париз, пратеникот Александар Николоски беше избран за известител за следење на исполнувањето на обврските на Босна и Херцеговина преземени при зачленување во Советот на Европа, информираат од Собранието на РСМ преку писмено соопштение испратено до медиумите.

Со ова, Николоски е првиот македонски пратеник избран за известител на Мониторинг комисијата. На оваа функција заедно со унгарскиот пратеник Золт Немет, Николоски е коизвестител и ќе настапува во име на Мониторинг комисијата.

„Со оглед дека Босна и Херцеговина се наоѓа во мониторинг постапка со Парламентарното собрание, коизвестителите ќе имаат обврска да остваруваат редовни посети на државата и да водат континуиран дијалог со властите, во врска со функционирањето на демократските институции и исполнувањето на статутарните и конвенциски обврски на државата. По посетите, коизвестителите изготвуваат извештаи, кои прво ги презентираат пред Мониторинг комисијата, а потоа и на пленарна седница, со цел објективна оценка за напредокот на земјата“, се вели во соопштението на Собранието на РСМ.

22.03.2023 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега