Николоски до Османи: Вистината боли ама мора да се кажува, одговорност и оставки веднаш затоа што ја пониживте Македонија

Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ реагираше на статусот на министерот за надворешни работи Бујар Османи и испрати порака до него.

„Вистината боли. Особено го боли Бујар Османи, како и Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Вчера кажав дека Бујар Османи работи Албанија да почне преговори со ЕУ, а за Македонија што биде, биде. Тоа го боли. Ама вистина е.

Исто како што пред 4 години кажав дека работи Македонија да влезе во иста група со Албанија која беше многу позади нас. Рекоа дека тоа што го кажувам е научна фантастика“. После неколку месеци таа научна фантастика“ се реализираше и Македонија НЕ ДОБИ датум за преговори, ама затоа влезе во иста група со Албанија.
Исто така уште тогаш во 2018 кажав дека Македонија со СДСМ и ДУИ нема да почне преговори. Еве ја 2022 Македонија НЕ ПОЧНУВА преговори.

 

Вистината боли ама мора да се кажува. Одговорност и оставки веднаш затоа што ја пониживте Македонија и ја оставивте на дното на Европа и Балканот“, напиша Николоски.

26.06.2022 - 22:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега