Поранешниот француски претседател Никола Саркози попладнево беше ослободен од затвор откако Апелациониот суд во Париз го одобри неговото ослободување под судски надзор.
Пред три недели, Саркози започна да ја отслужува петгодишната затворска казна за измама поврзана со финансирањето на неговата претседателска кампања во 2007 година, откако нелегално примил пари од Либија.
Саркози беше забележан како пристигнува во својот дом во западен Париз, кратко откако неговиот автомобил го напушти затворот Ла Санте. На судењето беа присутни и неговите синови, Жан и Пјер Саркози.
Според судот, на Саркози му е забрането да ја напушти територијата на Франција и да биде во контакт со други обвинети и сведоци во овој случај.
Саркози стана првиот француски претседател во модерното време осуден на затвор, и покрај тоа што цело време од постапката негираше каква било одговорност.
За време на денешното рочиште, Саркози, преку видео врска од затвор, рече дека отсекогаш ги исполнувал „сите барања на правдата“:
„Никогаш не замислував дека ќе доживеам затвор на 70-годишна возраст. Оваа мака ми беше наметната и ја преживеав. Тешко е, многу тешко“, изјави тој.

