Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за „Фокс Њуз“ порача дека заедничката воена операција на САД и Израел против Иран ќе биде „брза и решителна“. Тој ги отфрли стравувањата дека регионот влегува во долготраен конфликт.
„Ги слушам луѓето како велат дека ќе имате бесконечна војна тука – Нема да имате бесконечна војна затоа што овој терористички режим во Иран е во својата најслаба точка од своето основање. Ова ќе биде брза и решителна акција“, изјави Нетанјаху.
Според него, падот на режимот во Техеран ќе ги реши повеќето проблеми на Блискиот Исток и ќе го отвори патот за нови мировни договори со арапските земји.
Во однос на обвинувањата дека Израел ги вовлекол САД во војна, Нетанјаху ги оцени како „смешни“. „Доналд Трамп е најсилниот лидер во светот. Тој прави она што мисли дека е исправно за Америка и за идните генерации“, нагласи израелскиот премиер.


