Никој не може да ја препознае познатата пејачка: Ова не е нова фризура, ова е нова жена

Пејачката Деми Ловато потполно го променила својот изглед, речиси до непрепознатливост!

Тоа го постигнала така што ги скратила своите долги локни и се одлучила за храбра кратка фризура. Со една целосно избричена страна и бојадисување на препознатливата црна коса во руса, пејачката сега изгледа потполно поинаку. 

Колку ѝ се допаѓа новиот имиџ, Ловато покажала преку серијата фотографии на Инстаграм, на кои гордо позирала откривајќи ги сите детали од својата нова, атрактивна фризура.

„Направив нешто...“, кратко напишала Деми под една од фотографиите, покажувајќи го најпрвин избричениот дел од главата.

Фановите на познатата пејачка останале изненадени од значајната трансформација на која таа се одлучила, па затоа фотографиите со „брзина на светлината“ добиле милиони лајкови и илјадници коментари, вклучувајќи и комплименти од страна на други познати дами.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Demi Lovato (@ddlovato)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Demi Lovato (@ddlovato)

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.11.2020 - 17:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега