Никој не може да им ги земе 78% на функционерите - денеска си поднесоа нов закон

 

Функционерите топ не ги бие. Оние 78% покачување на платата кои што си ги трошат уште од мај минатата година никој не може да им ги допре. Денеска како голем успех од пратнеичката група на СДСМ ни се прикажува предлог измени на закон со кој како што тврдат, спречиле сега повторно да се зголемат платите на функционерите со редовното усогласување на просечната плата и трошоците за живот.
Како што пресметале пратениците на СДСМ ако не го поднеле овој закон, функционерите од април ќе треба да земаат дополнителни 15% повисоки плати кои на оние од 78% зголемени минатата година ќе бидат речи си 10 пати повисоки од минималната плата.

Од СДСМ тврдат дека со предлог законот кој го поднесуваат ќе се намалат коефициентите на плати и ова зголемување од 15% кое што треба да го добијат сега практично ќе се стопи во тие помали коефициенти.

Во моментов на просечен функционер во државава му плаќаме скоро 2.000 евра плата и уште 1.000 евра за придонеси а во реалноста имаме најслаб државен апарат, притворени сме поради недостаток на пасоши, се уште фалат учебници во образованието, здравството е во тешка состојба а судовите се бавни и често критикувани за политички притисоци.


27.02.2024 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега